All for Joomla All for Webmasters

Програмата за економски реформи 2019-2021 ќе го забрза патот на Македонија кон ЕУ

Економски реформи 2019-2021

Македонија почнува со подготовка на новата Програма за економски реформи 2019-2021 година чија цел е забрзување на патот кон ЕУ. Ова е втора пограма што ја подготвува државата.

 

Дел од реформите се веќе реализирани, а постои и поддршка од ЕУ и политичка волја за споведување на потребните реформи.


Ова беше посочено денеска на конференцијата „Програма за економски реформи - клучен елемент за фундаменталниот пристап и економското управување во процесот на Европскиот семестар".


- Овој документ е дел од претпристапниот процес на земјата во ЕУ, и е во насока на подобрување на перформансите на македонската економија и нејзина подотовка за европскиот пазар. Содржи конкретни мерки, со буџет за нивно имплементирање и конкретни рокови за нивно спроведување. Овој сеопфатен документ се прави коодинирано со буџетот и фискалната стратегија и дава добра основа за подготовка за среднорочно буџетирање кое планираме наскоро да го воведеме, рече министерот за финансии Драган Тевдвовски.


Истакна дека Македонија има најдобро остварување во споведување на реформите предвидени со Програмата 2018-2020 година од сите земји кандидати за членство.


- Првпат имаме јасна и кредитибилна стратегија за реформи во јавните финансии, подготвена заедно со ЕУ, која содржи акциски план за реформи на сите поважни елементи на системот на јавни финансии во следните три години, рече министерот и додаде дека значително е подобрена транспарентноста, за разлика од порано не постои често и непредвидено менување на законите, а постигнат е и напредок во споведувањето на активни мрки за вработување и унапредување на стручното образование и обука.


Тевдовски нагласи дека Владата е вистински посветена на реализација на програмата.


Евроамбасадорот Самуел Жбогар потенцира дека пограмата е двигател што ќе овозможи побрзо изминување на патот кон ЕУ. Тој посочи на продолжување на поддршката во споведување на реформите.


- Имаме една програма за економски реформи чија цел е земјата економски да се развие и да има слобоен пазар преку транспаретен буџет, транспарентни политики што ќе им служат на граѓаните со јасни приоритети кои ќе овозможат развој. Ја гледам како поддршка за да можете да одите во правецот што вие го избравте и таа е еден двигател што ќе ви овозможи побрзо изминување на патот кон ЕУ. Целта е да се забрза тој процес. Се разбира тоа може да го правите и со сопствен чекор и брзина, но овие реформи сакаат тој процес да го забрзаат. Тоа е и крајната цел, да влезете во ЕУ, истакна евроамбасадорот.


Во обраќањето, Жбогар напомена дека покај политичките процеси од кои со нетрпение се очекува резултатот во овие денови, добро е што има можност да се зборува и за економските резултати.


Македонија досега има направено доста, но останува уште многу да се спроведе, порача Маржена Кисиелевска, раководител на Одделот за Југоисточна Европа во ОЕЦД.


Посочи на направените обиди за намалување на невработеноста, иако рече, стапката е се уште трипати повисока од онаа во Европа. Ги наваеде и добрите резултати во привелкувањето странски инвестиции, како и на спроведени значајни чекори во правната рамка и пристапот до финансии.


Порача дека остануваат уште многу фундаментални реформи што се значајни и притоа ги напомена невработеноста, особено на младите, жените, но и проблемот со неформалното вработување, имплементација на законската регулатива, реформа во образованието, ограниченото влијание на странските дирекни инвестиции врз домашниот сектор, неформалната економија која е 25 поценти од БДП…

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.