Вежба за евакуација од пожар во О.У. Панајот Гиновски

Вежба за евакуација од пожар

Општинскиот црвен крст на општина Чаир во соработка со основното училиште Панајот Гиновски од Бутел, и доброволното противпожарно друштво Бајрам Шабани, организираа симулациска вежба евакуација од пожар.

 

Како што истакна Ана Деспотовска, наставничка од училиштето и реализатор на проектот, оваа вежба се реализира со цел да се делува на свеста на учениците, на наставниот кадар во  училиштето, но и на целокупниот персонал, како соодветно да реагираат во сличај на пожар.

 

Лидија Петкичевска од општинскиот црвен крст на општина Чаир, истакна дека Црвениот крст работи на подигнување на јавната свест кај населението за потребата и важноста од укажувањето на прва помош во моментот на настанувањето на несреќата. Досега на територија на општините Чаир и Бутел се реализитани 14 слични вежби за евакуација на ученици во случај на елементарна непогода.

 

Претседателот на противпожарниот сојуз на општина Бутел, Робе Јовевски нагласи дека ваквите вежби се од исклучителна важност, за спречување на трајни последици од евентуалните природни катастрофи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.