Се гради тротоар на патот Радишани–Побожје

Општина Бутел

Општина Бутел ја почна изградбата на тротоар на патот Радишани–Побожје, во непосредна близина на селските гробишта. 


Тротоарот, во должина од 500 метри и ширина од 1,2 до 2 метри во зависност од просторните услови, ќе биде изграден од бекатон плочки и обрабен со нови рабници.


- Изградбата на тротоарот е од исклучителна важност за граѓаните што живеат на овој потег, но и за сите граѓани на Радишани кои ги посетуваат гробиштата, особено за време на верските празници, информира општина Бутел. 


Овој проект ќе чини над 1,6 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел. Изведувач на градежните работи е фирмата „Ју–Бај“ од Скопје. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.