Градоначалникот на о. Бутел Велимир Смилевски се сретна со сезонските пазарџии

Општина Бутел

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, се сретна со сезонските пазарџии кои земјоделските произоди ги продаваат директно од своите камиони, паркирани долж улицата Бутелска, информираат од општина Бутел.

 

Непријатната слика која секојдневно се гледа околу општинската зграда и амбулантата мора да се надмине, им порача градоначалникот и додаде дека размислува за изнаоѓање на трајно решение за нивните потреби.

 

Откако беа дадени неколку предлози како локација, градоначалникот им соопшти дека актуелната состојба ќе се толерира најдоцна до 30 овој месец. Потоа ќе имаат уште една средба на која ќе се соопшти конечното решение за можна локација на која сезонските производители и продавачи на земјоделски производи ќе можат да ја извршуваат непречено нивната продажба.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.