Отворен есенскиот базар на домашни ракотворби во општина Бутел

,,Занаетчиски колаж 2017,,

Денеска, во општина Бутел беше отворен есенскиот базар на домашни ракотворби ,,Занаетчиски колаж 2017,, во организација на Здружението на уметници ракотворци ,,Арти крафт,, од Скопје.


Есенскиот базар го отвори градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски кој во своето обраќање истакна дека оваа манифестација која за прв пат се организира во општината ќе стане традиционална. Градоначалникот додаде дека тој е голем почитувач на луѓето со креативен ум и златни раце, бидејќи тие се најефикасните чувари на народната уметност и традицијата.


На есенскиот базар учествуваат петнаесетина ракотворци како од Македонија, така и од Србија, Турција, Украина и од Косово.


Официјалното отворање беше збогатено и со настапот на пеачката група на Здружението на пензионери Бутел.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.