Oпштина Бутел се приклучи во кампањата „Во зима со велосипед на работа“

Велимир Смилевски

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски се приклучи кон иницијативата за одбележување на интернационалниот ден: ,,Во зима со велосипед на работа,,.

 

По примерот на градоначалникот, на работа со велосипед пристигна и дел од општинската администраија. Смилевски признава дека досега ретко го употребувал велосипедот како превозно средство, но ветува дека отсега секој петок на работа ќе доаѓа со велосипед, а и активностите на терен ќе ги извршува со ова превозно средство, како денешната посета на училиштето Иднина.

 

Смилевски ја поддржува оваа глобална иницијатива за поддигнување на свеста за придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и до училиште во текот на целата година. Градоначалникот исто така упати апел и до останатите вработени во општината да го следат неговиот пример и на работа да доаѓаат со велосипед, со што ќе придонесат за намалување на воздухот, како и за подобрување на личната здравствена состојба.

 

Не постои лошо време за возење волосипед, туку само лоша опрема, е мотото по кое се води градоначалникот на о. Бутел.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.