Интензивно се расчистуваат од снег улиците и тротоарите во општина Бутел

Чистење на снегот во Бутел

Екипи на општина Бутел интензивно работат на дополнително расчистување на снегот во Љубанци, Љуботен и Визбегово.


Општина Бутел соопшти дека во изминативе три снежни денови максимално е ангажирана на отстранување на снегот и оспособување на сите улици за непречено одвивање на сообраќајот. Од о. Бутел соопштија дека на терен се излезени екипите на "Енергомонт Скопје", фирма задолжена за зимско одржување на сообраќајниците, како и тимот од работници на комуналната служба на општина Бутел.


Од Општината информираат дека постојано на терен се два камиона, една соларка и еден липкер за товарање на солта. Во изминативе три дена фрлени се преку 60 тони индустриска сол на улиците што се во надлежност на општина Бутел. Интервенирано е на повеќе од 16 улици, како и на патните правци кон Љубанци и Љуботен. Исчистени се улиците Скоевска, Амди Демир, Ѓоре Ѓорески, АФЖ, Боро Кралевски, Хо Ши Мин, 18 во Радишани, Марко Крале, Призренска, Натанаил Кучевишки, Краишка, Бутелска, Петар Манџуков, Иван Манолев, Рокомија и др.


Работниците од комуналната служба на општината работат и на расчистување на сите тротоари и приоди кон градинките, училиштата, пазарот, трговскиот центар и останатите јавни установи.


Од општина Бутел апелираат до граѓаните да ги расчистуваат пристапите кон своите домови и деловните објекти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.