Музичко сценски настап "Затоа што те сакам" во ДГ "11-ти Октомври" во Бутел

"Затоа што те сакам"

Со музичко сценски настап "Затоа што те сакам" дечињата од детската градинка "11-ти Октомври" од Општина Бутел и деца од музичко балетскиот училишен центар Илија Николовски -Луи на своите мајки и сите присутни го честитаа Денот на жената 8-ми Март.

 

Во градинката присуствуваше градоначалникот Велимир Смилевски и амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија. Оваа манифестација се издвојува од останатите досега, затоа што учествуваше и детенце со посебни потреби од градинката.


Градоначалникот Велимир Смилевски рече дека одржувањето на ваква манифестација е убав пример кој се надева дека во наредниот период ќе го следат и другите општини во Градот Скопје.


По завршувањето на манифестацијата децата на присутните им подарија цветови. Инаку, градинката "11-ти Октомври" има пет објекти каде се запишани околу 860 дечиња. Во моментов седум деца се со посебни потреби, одредени деца ја следат редовната воспитно образовна работа, а за одредени деца се прави индивидуален воспитно образовен план.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.