За прв пат во Општина Бутел организиран еден поинаков 8-ми март

Општина Бутел

,,Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми март,, е насловен целодневниот настан во Општина Бутел по повод денот на жената. Предавања за здравјето на жената, како и бесплатни лекарски прегледи за над 200 жени од општината и од администрацијата беа направени денеска во просториите на општината.

 

За жените кои живеат на територија на Општина Бутел, како и за жените од администрацијата денеска беше организиран целодневен настан, поразличен од останатите, насловен ,,Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми март,,. Имено, во просториите на општината денеска од страна на доктори специјалисти беа извршени прегледи на над 200 жени од општината и од администрацијата во Општина Бутел. Бесплатните прегледи за жените вклучуваа тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта. Докторите истакнуваат дека ваков вид прегледи се од голема важност за жените и за рано откривање на некоја болест, и апелираат и другите да спроведуваат ваков вид акции затоа што подобро е да се превенира отколку да се лекува.


Освен прегледите денеска се одржа и предавање за самопреглед на жените, за неопходноста од редовното правење на ЕХО прегледите, мамографските прегледи на дојка, ПАП тестовите и другите прегледи за женското здравје. Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски истакна дека оваа година решиле 8-ми март да биде одбележан на едн поинаков начин со цел да се зголеми свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството и најави дека вакви акции ќе се организраат почесто во општината.


Од невладината организација АЛ-МА кои се партнери на општината во организацијата на оваа акција велат дека се надминати нивните очекувања за жените заинтересирани за прегледите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.