БЕГ ќе ги уреди коловозот, тротоарите и тревниците на „Народен фронт"

Ул. „Народен фронт“

На барање на општина Центар, компанијата БЕГ викендов ќе го асфалтира коловозот на улицата „Народен фронт“ во Капиштец.


- БЕГ ДООЕЛ до крајот на август, улицата „Народен фронт“, на која се интервенираше на вреловодот ќе ја врати во првобитна состојба. Ќе се санира системот за полевање, ќе се реконструира тревникот и ќе се засадат нови дрвја, соопшти општина Центар.


По поплаките од граѓаните, екипите на општина Центар излегле на терен и констатирале пропаднат коловоз, отворени дупки на улицата и тротоарите, оставени прекопи, уништен парк со исушени садници, отворени јами, уништени тревници и паркинг, кој е посипан само со земја.


- БЕГ се согласи да даде двегодишна гаранција за квалитетот на улицата „Народен фронт“ по цела должина, на тротоарите и тревниците, соопшти општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.