Се реконструира игралиштeто кај салата "Партизан"

Игралиште кај салата ,,Партизан,,

За десетина дена се очекува да заврши реконструкцијата на спортското игралиште кај спортската сала ,,Партизан,,. Со реконструкцијата се предвидува игралиште за мал фудбал, игралиште за кошарка и фитнес центар на отворено.


Во тек е реконструкција на познатото спортско игралиште кај салата „Партизан“. Од Општина Центар информираат дека ова беше идејата која доби најмногу гласови на порталот „Идеи за Центар“, портал каде граѓаните можат да предлагаат и гласаат проекти, а општината потоа ги реализира. Со реконструкцијата се предвидува игралиште за мал фудбал, игралиште за кошарка и фитнес центар на отворено. Мини спортскиот Центар се очекува да биде готов за десетина дена. Од општината ги повикуваат граѓаните што поактивно да споделуваат и гласаат за идеите кои сметаат дека би биле корисни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.