Викендов на улица Македонија, манифестација „Време е за зимница”

„Време е за зимница”

Десет македонски компании, преработувачи на овошје и зеленчук, викендов ќе имаат можност да се промовираат и да го претстават преработувачкиот сектор на домашниот пазар на настанот „Време е за зимница” што ќе се одржи во сабота и недела, на улицата „Македонија“ во Скопје.


Како што соопшти денеска на прес-конференција извршниот директор на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) Сашо Ристески, целта на манифестацијата е да ја да промовира домашната конзервна индустрија и да ја зголеми свеста кај потрошувачите на домашниот пазар за квалитетот и безбедноста на производите што оваа индустрија ги нуди.


Александар Ивановски, маркетинг директор на компанијата Бонум, информираше дека настанот е истовремено од промотивен и од продажен карактер, а присутните по промотивни цени ќе имаат можност да дегустираат зимница поразлична од карактеристичниот ајвар и лутеница.


„Време е за зимница” се организира со поддршка на Општина Центар и Министерството за економија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.