Средба Богдановиќ со амбасадорот на Кралството Шпанија

Општина Центар

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Емилио Лорензо Сера. Како што оцени амбасадорот состанокот беше продуктивен и договорена е заедничка соработка на неколку полиња.

 

Добрата соработка меѓу Кралството Шпанија и Република Македонија ќе се продлабочува и на локално ниво. Набрзо ќе започне договарање постапка за збратимување на општина Центар со центарска општина во Мадрид.


Еден од проектите за кои има интерес на двете страна е изучување на шпанскиот јазик во основните училишта под надлежност на општината.


Амбасадорот нагласи дека амбасадата ќе биде мост на сите активности „Почестен сум што постои интерес за изучување на шпанскиот јазик“, рече Н.Е. Емилио Лорензо Сера.


„ Вие сте членка на ЕУ, ние сме земја аспирант и сакаме да ги користиме сите добри искуства од земјите членки на ЕУ“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.


На наредните средби ќе се детализира реализирање на проектите : Културна соработка, јавно гледање на актуелни шпански филмови, прослава на денот на шпанското мезе, промовирање на заедничките вредности од страна на шпанските ракометари кои играат во Македонија и зближување и соработка на КК Работнички и Реал Мадрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.