Богдановиќ и еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка

Меморандум за соработка

Општина Центар и еснафот на старата скопска чаршија потпишаа Меморандум за соработка со цел заеднички да делуваат во јакнење на меѓусебните односи, заеднички настап и за подобрување на условите за работа на занаетчиството, соопшти општина Центар.


Општина Центар, претставувана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претставникот и советникот од еснафот Мухамед Љамалари на заедничката средба договорија промовирање на занаетчиството и заживување на чаршијата преку заеднички проекти и активности.


Како што се наведува во соопштението, нагласена е потребата за ревитализирање и осовременување на инфраструктурата на старата скопска чаршија, редуцирање на бариерите и отворање на нови можности за соработка.


Сето ова, наведуваат од општина Центар, ќе го поттикне зближувањето и доближувањето до заборавените културни вредности и единство на различностите, избалансиран развој на општината, како и зачување на традицијата и културата на старата скопска чаршија.


Со, како што се наведува во соопштението, ова се реализира договорот, постигнат во изборниот период за соработка меѓу еснафот и општина Центар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.