Општина Центар ќе ги отстранува диво поставените летни тераси

Општина Центар

Општина Центар ќе спроведува акција за отстранување диво поставени летни тераси и ќе бидат санкционирани сите сопственици на локали кои немаат добиено одобрение за урбана.

 

Општина Центар заедно со Пазарна инспекција, МВР, овластен градежен инспектор и инспектор за животна средина, подготвува заедничка акција за ставање ред во поставувањето урбана опрема пред угостителските објекти на својата територија. Од општината информираат дека ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона или опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори, а нема да им издадат ниту дозвола за поставување на летни тераси.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.