All for Joomla All for Webmasters

Нови 26 енергетско-ефикасни фасади во Општина Центар

Со цел да се обезбеди поквалитетен живот на граѓаните на Центар. општината започнува со проект за обновени енергетско-ефикасни фасади. Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите.

 

По реконструкцијата, заштедите на сметките за топлинска енергија ќе бидат намалени за една третина. На огласот, кој го објави Општина Центар,  беа поднесени вкупно 65 пријави, а Комисијата донесе одлука во првата фаза да влезат  26 станбени објекти врз основа  на  исполнети услови и критериуми.

 

Тоа се станбените згради:

1.ул.Петар Поп Арсов бр.36

2.ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.39 (Мирослав Крлежа)

3.ул.Ленинова бр.3

  1. ул.Дебарца бр.17

5.ул.Дане Крапчев бр.21

6.ул.50 Дивизија бр.39

7.ул.Цицо Поповиќ бр.3

8.ул.Никола Тримпаре бр.24/3

9.бул.Илинден бр.81

10.ул.Ленинова бр.25

11.ул.11 Октомври бр.29

12.ул.Мирослав Крлежа бр.51

13.бул.Илинден бр.43

14.ул.Вељко Влаховиќ бр.25

15.ул.Цицо Поповиќ бр.5

16.ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.10

17.ул.Шумадиска бр.18

18.ул.Франклин Рузвелт бр.48

19.бул.Илинден бр.9/1,2,3,4

20.ул.Шумадиска бр.16А

21.ул.Рајко Жинзифов бр.50,влез 1,2,3,4

22.ул.11 Октомври бр.42

23.ул.Цицо Поповиќ бр.1

24.ул.Рајко Жинзифов бр.51,влез 1 и 2

25.ул.Ристо Шишков бр.12

26.ул.Ѓуро Ѓаковиќ бр.54А

 

За станбените згради кои се одбрани во првата фаза од Јавниот повик во следниот период ќе се изготвува проектна документација и во зависност од целокупната прибавена документација ќе се отпочне со реконструкција на фасадите по тој редослед. Овие згради се планира да се реконструираат во период од две години.

 

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар,  во висина од 70% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинството сопственици на посебните делови од станбената зграда апликант.

 

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, Општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција.

 

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.

 

Предуслов за отпочнување на реконструкција на фасада е да бидат уплатени средства во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на жиро сметка на Општина Центар.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.