Одбележани 60 години од смртта на Методија Андонов Ченто

Методија Андонов Ченто

Општина Гази Баба заедно со урбаните и месните заедници денеска одбележаа 60 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ и првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто. По тој повод денеска во паркот Ченто беше положено свежо цвеќе.

 

Пред 60 години на денешен ден, 24 јули почина еден од најголемите великани, патриоти и борци за самостојна независна Македонија, Методија Андонов Ченто. По тој повод денеска пред неговиот споменик во населба Ченто, општина Гази Баба на свечен начин го одбележа денешниот ден со положување свежо цвеќе. Почит кон великанот изразија делегациите од општина Гази Баба, предводени од градоначалникот Тони Трајковски, делегации од урбаните и месните заедници од територијата на општина Гази Баба, здруженија на пензионери и граѓани.


Методија Андонов Ченто е личност со посебни особини, кои придонесуваат да се издигне на повисоко рамниште од околината и средината. Решителен, самостоен, активен и чесен македонец, смел борец за слобода на македонскиот народ. Тој бил доволно комуникативен со народот што овозможил да ги запознава нивните потреби, интереси и приликите во кои живееле. Методија Андонов Ченто е една од најсветлите фигури во историјата на Македонија и несомнено еден од најдоследните борци за социјална правда и национална слобода на македонскиот народ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.