Општина Гази Баба додели помош на осум члено семејство од Инџиково

Помош за семејство од Инџиково

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за празникот Илинден ја посети куќата на семејството на Зоран од Инџиково, во која живеат осум членови на неговото семејство.


При оваа посета им подари  шпорет и пакет со средства за хигиена, а во најскоро време вети дека ќе им ја санира и трошната куќа, со цел да им се подобрат условите за живеење.


Трајановски нагласи дека општината преку целата година настојува да им помогне на оние на кои им е најпотребно, со прехрамбени пакети, хигиенски пакети, апарати за домаќинството, санација на дел од домовите и друго, во зависност од нивните потреби. Општината ќе продолжи и во иднина да помага во рамките на своите можности, секаде каде ќе има потреба, рече Трајковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.