Реконструкција на училишта

Реконструкција на училишта

Летниот период во основните училишта оопштина Гази Баба го користи за реновирање и реконструкција на просториите во училиштата, за обнова на санитарните јазли, средување на надворешниот простор и фискултурните сали, информира општината.


Посета на градежните активности во училиштата Крсте Мисирков и Наум Охридски во Црешево изврши градоначалникот Тони Трајковски.


Во ПООУ „Наум Охридски“ во Црешево поставена е термоизолирана фасада, поставени се симсови на стариот дел од училиштето а цоклето на училиштето е обложено со природен камен, со што ќе се овозможи поголема енергетска ефикасност во училиштето.


Во ООУ „Крсте Мисирков“ во тек се повеќе градежни активности. Изработена е фасада на целото училиште со стиропор и истото е офарбано, заменети се прозорци во неколку училници, а во тек е длетување и молерисување на училниците и на ходниците.


Во дворот на училиштето направени се патеки и летниковец, изработен е зид и ограда околу дворот, како и поставени се врати на главниот влез во училштето и на паркингот.


Исто така, во тек е и реконструкција на фискултурната сала на училиштето.


Градежните работи се очекува да завршат до крајот на август, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во реновирани училишта.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.