Општина Гази Баба постапува согласно законите, кои се еднакви за сите граѓани

Општина Гази Баба ќе руши доградба

Откако во јавноста излегоа информација дека општина Гази Баба без никаква доза на хуманост ќе руши пристапна патека изградена за потребите на семејство со дете со инвалидитет, општината излезе со соопштение, во кое вели дека пристапна патека не е предмет на инспекциска постапка, туку се работи за постапка по претходна пријава од граѓанин за доградба на просторија од куќата без соодветна документација.


Од општината додаваат дека градежната инспекција постапила по претходна пријава од граѓанин, по што е констатирана категоризирана градба – доградба без соодветна документација, за што е донесено и Решение за отстранивање.


За истата оваа постапка, општината и инспекцијата се задолжени со Решение од страна на Државниот управен инспекторат од Министерството за информатичко општество и од Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво при Министерството за транспорт и врски, во рок од 15 дена да постапат по Решението, бидејќи и до овие Институции е доставена истата преставка.


Општина Гази Баба постапува согласно Законските регулативи и прописи кои што важат подеднакво за сите граѓани, децидни се од општината.


Сепак, одтаму велат дека се запознаени со потребите на семејството Петровски. Ова семејство во текот на изминатите години неколку пати добило еднократна парична помош од Комисијата за доделување на еднократна парична помош и пакети за празници од општината, а неколку пати општината Гази Баба во соработка со општина Дојран, им има овозможено бесплатно летување на детето и семејството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.