Ќе се исчистат сите диви депонии во Гази Баба

Општина Гази Баба

Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски на средбата со со претставници на повеќе бизнис компании од Холандија, Чешка и Словачка истакна дека проблемите со дивите депонии ќе станат минато, односно ќе бидат исчистени сите депонии и нема да дозволат создавање на нови затоа што Општина Гази Баба претставува влезна порта во градот.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски оствари средба со претставници на повеќе бизнис компании од Холандија, Чешка и Словачка, кои, како што соопштија од општината, работат во делот за рециклирање отпад, изработка на пречистителни станици, како и поставување на системи за енергетска ефикасност. Георгиевски пред претставниците на компаниите истакна дека општина Гази Баба има проблем токму во тој дел, бидејќи делови на општината не се поврзани на канализациски системи, додека, пак, други немаат чиста вода за пиење.

 

- Овие проблеми треба да станат минато. Моја обврска е да направам се што е потребно за да го решиме овој долготраен процес. Веќе започнавме со активности за утврдување на црните точки, каде веднаш треба да започнеме со отстранување на дивите депонии низ општината. Гази Баба е влезна порта на градот Скопје. Не смееме да дозволиме депониите да ја нарушат сликата за градот и општината, истакна градоначалникот Георгиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.