Делегација на Амбасадата на Унгарија ја посети Општина Гази Баба

Општина Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски остварил средба со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс, првиот секретар во Унгарската амбасада Ѓулаш Шомоги и со претседателот на Здружението на Унгарците во Република Македонија „Теледон“ Јожеф Шутуш.


Како што информира Општина Гази Баба, градоначалникот Георгиевски се заблагодарил на Амбасадата на Унгарија и на унгарскиот народ за помошта што ја добило настраданото население во поплавата во август 2016 година. Георгиевски ги претставил можностите на општина Гази Баба и заложбата за реализирање проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во општината, посебно осврнувајќи се на проектите од инфраструктурата.


Дукс и Георгиевски разговарале за понатамошна соработка и за реализирање заеднички проекти, како и за продолжување на започнатата постапка за збратимување на општина Гази Баба и општината Пештержебет, која е дел од градот Будимпешта.


- На средбата се договори терминот за заедничкото одбележување на националниот Ден на Унгарија во паркот на пријателство во населбата Триангла, со полагање цвеќе на спомен-плочите на Лајош Кошут и Франц Лист, соопшти Општина Гази Баба. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.