Одбележан националниот ден на Унгарија во Општина Гази Баба

Национален ден на Унгарија

Со положување цвеќе и пригодна свеченост во паркот на македонско-унгарското пријателство во населбата Триангла, Општина Гази Баба го одбележа Националниот ден на Унгарците. Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски рече дека соработката помеѓу двете држави и општината ќе продолжи и понатаму со исто темпо и интензитет.


Амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Дукс го искажа своето задоволство што повторно заедно со Општина Гази Баба го прославуваат националниот празник на Унгарија и како што рече соработката продолжува со исто темпо особено на економските полиња.


На манифестацијата со кратка програма се претставија ученици од ООУ "Дане Крапчев" и членови на Здружението на унгарците во Македонија "Теледом".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.