All for Joomla All for Webmasters

Учениците од о. Гази Баба со активности по повод Ден на планетата Земја

ООУ Крсте П. Мисирков

Одбележувајќи го Денот на планетата Земја учениците од ООУ Крсте П. Мисирков од Гази Баба и Наим Фрашери од Тетово, денеска беа во посета на Општина Гази Баба.

 

Градоначалникот на општината Борис Георгиевски на средбата рече дека учениците од овие две училишта се првите кои на симболичен начин упатуваат апел за заштита на човековата околина, управувањето со отпадот како и запознавање со средината во кои живеат во Гази Баба и Тетово, околу делот на загадувањето на двете општини и мерките кои што тие ги предлагаат со цел подобрување на човековата средина. На денешната средба градоначалникот Георгиевски најави учество на учениците преку изработка на проекти по повод Денот на Општината. Наставничката во училиштето Крсте П. Мисирков, Анита Ангеловска најави дека учениците денеска го одбележуваат Денот на планетата Земја и по тој повод имаа подготвено активности низ општината.


Младите се нашата иднина, ние можеме да говориме на сите јазици, но воздухот е еден што ги дишиме, затоа треба сите заедно да се грижиме за почист воздух и здрава животна средина.

 

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени. | Мапа на сајтот | RSS |