По 8-ми пат одржана манифестацијата ,,Големата Мајка,, во Општина Гази Баба

,,Големата Мајка,,

Во неолитското село Тумба Маџари, по 8-ми пат се одржа манифестацијата ,,Големата Мајка,,. Скулптурата ,,Големата мајка,, претставува симбол и заштитничка на општина Гази Баба и Градот Скопје.

 

На Археолошкиот локалитет Тумба Маџари, кој датира од 6-от милениум пред новата ера, по 8-ми пат се одржа манифестацијата Големата Мајка. Воедно беа одбележани 40 години од првите ископувања на Археолошкиот локалитет и 10 години од уредувањето на неолитската населба Тумба Маџари. Скулптурата ,,Големата мајка,, претставува симбол и заштитничка на општина Гази Баба и Градот Скопје.


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бори Георгиевски рече дека како општина издвојуваат подолем износ на средства за поддршка на културата и културните манифестации во општината, а продолжува и поддршката за локалитетот Тумба Маџари со цел поголема промоција на оваа неолитска населба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.