Општина Гази Баба става крај на неплански изградените улици

Денеска отпочнуваме со асфалтирање на улицата Товарник во населба Ченто, која е финална постапка, откако претходно поставивме целосна водоводна, атмосферска и канализациона мрежа, изјави градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. По овој принцип, ќе бидат урбанизирани сите улици во Гази Баба.

Тесната и тешко пристапна улица, каде едвај се разминуваа две возила и која во голем дел беше узрурпирана, веќе има нов лик. Добивме улица широка 5 метри, во две ленти, со тротоари од двете страни за поголема безбедност на пешаците, а која е долга 515 метри.  

Немаше да успееме да ги санираме проблемите на оваа улица, да не ни помогнаа и граѓаните, кои дадоа се од себе за брзо и ефикасно, заеднички да ја модернизираме нивната улица. И затоа им се заблагодарувам што го препознаа нашиот искрен пристап и што имаа трпение додека траеше целиот процес.

Со ова, сакам да најавам дека почнуваме со воведување на ред во безредието кое постои на многу улици во оваа општина и дека сите улици отсега ќе бидат градени по план од кој што ќе нема отстапки.

Во меѓувреме, работиме на улици и во околните населени места како што се Инџиково, Синѓелиќ, Стајковци, Маџари. Вкупно 28 улици до крајот на летото, ќе добијат модерен и урбан изглед. За овој проект општина Гази Баба од својот буџет одвои 80 милиони денари, 20 милиони денари се од Агенцијата за магистрални и регионални патишта, а 5.500.000 денари се обезбедени од градот Скопје.

Според планот на општината за оваа година, до крајот на летото ќе се обидеме да реализираме комплетно асфалтирање на 20 км асфалтна површина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.