Кампања на СВР Скопје и општина Гази Баба, за лето без пожари

Под мотото „ Лето без пожари“ денеска започна првиот дел од проектот предводен од СВР Скопје во соработка со општина Гази Баба, со цел намалување на ризикот и опасноста од пожарите. Ризикот од пожари за време на високите летни температури е поголем во споредба со останатите годишни времиња, токму затоа и денешната акција се спроведуваше со делење на промотивни материјали, и вода, за која што служебените лица потсетуваа дека може да ја изгасне нашата жед, но не и пламените јазици.

Во акцијата за делење промотивен материјална возачите, за превенција од пожари се вклучи и градоначалникот Борис Георгиевски.

 

 

Георгиевски исто така потсети и за улогата на канцеларијата за превенција која неодамна беше отворена во населеното место Стајковци, а најави и отварање на нова канцеларија за превенција во Ченто. Како што нагласи, резултатот од досегегашното работење е намалување на малотничката деликвенција и криминал.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.