Се менува азбестиот покрив во градинката ,,Росица,, во Ѓорче Петров

Градинка ,,Росица,,

Општина Ѓорче Петров работи на санација на објектот ,,Кокиче,, на градинката ,,Росица,,. До почетокот на месец август се очекува овој објект кој згрижува 150 деца да добие комплетно нов лимен поктив.

 

Објектот ,,Кокиче,, на ЈОУДГ ,,Росица,, во општина Ѓорче Петров ќе добие комплетно нов лимен покрив. Од општината соопштија дека зафатите за реализација на проектот се веќе во тек а се очекува да завршат кон почеток на август. Се работи за зафат вреден 2 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет со кој ќе биде заменет стариот азбест кров. Инаку во објектот ,,Кокиче, се сместени над 150 деца од предучилишна возраст и е еден од шестте објекти на Детската градинка ,,Росица, која просечно згрижува од 1.000 до 1.200 деца месечно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.