Општина Ѓорче Петров со апел за превенција од пожари

Општина Ѓорче Петров

И Општина Ѓорче Петров преку соопштение апелира до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно за да се спречи пожар поради високите температури. Од општината исто така соопштуваат дека јавните чешми се обновени и се во функција, а дефектите редовно се отстрануваат.

 

Општина Ѓорче Петров апелира граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно со цел да се спречи појава на пожари поради очекуваните високи температури. Да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат стаклени шишиња и друг вид стаклена амбалажа, да не се фрлаат догорчиња од цигари, да не се складираат материјали кои се самозапаливи и запаливи, како бензин, нафта и плин и редовно да се проверуваат и одржуваат инсталациите и уредите кои можат да бидат причина за настанување пожар, соопшти општина Ѓорче Петров.

 

Сопствениците на приватен имот, каде општината нема ингеренции да интервенира, да го одржуваат својот двор и плац за да не дојде до пожар. Јавните чешми се обновени и се во функција, а дефектите, како што се наведува во соопштението од општината, редовно се отстрануваат. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи со своите тековни активности за одржување на тревните површни во сите месни и урбани заедници кои се во нејзина надлежност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.