Заврши манифестацијата за одбележување на општина Ѓорче Петров

Ден на општина Ѓорче Петров

Со богата културно уметничка програма вчеравечер во Реонскиот парк во општина Ѓорче Петров, се заокружи повеќедневното одбележување на Денот на општината.

 

Посетители од сите возрасти уживаа во музиката од различни жанрови, наменета за сечиј вкус, од детски песни, па се до игри и ора на пензионери. Некои од нив за прв пат имаа можност да присуствуваат на оваа традиционална манифестација што општина Ѓорче Петров ја организира по повод Денот на општината, а меѓу посетителите имаше и такви кои без исклучок секоја година се дел од истата.

 

Помладиот дел од публиката ги раздвижија звуците на латино танците, во изведба на младите танчери, кои се дел од спортско танцовиот клуб Бранимир и Бранкица.

 

Македонскиот етно мелос, во изведба на фолклорната група пензионери од општина Ѓорче Петров, ги воодушеви присутните а наскоро ќе се слушне и ќе се види во Словенија, на меѓународен фестивал на пензионерски игри и ора.

 

Празнувањето на општината беше заокружено со настап на познатото трио тенори "Џентлмен" и ди-џеј Панчо.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.