Општина Ѓорче Петров ќе обезбеди помош за чичко Драги

Помош за чичко Драги

Хуманата мисија на Општина Ѓорче Петров за помош на своите сограѓани продолжува понатаму. Денеска градоначалникот Александар Наумовски го посетил чичко Драги, човекот кој продава стегачи и ластичиња на Рекорд за да обезбеди некаква егзистенција. Од општината информираат дека ќе му помогнат со обезбедување парични сртедства, како и со покуќнина, облека и медицински средства, затоа што тој се наоѓа во лоша здравствена состојба.

 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, денеска бил во посета на чичко Драги, попознат на јавноста како чичкото кој продава стегачи и ластичиња на Рекорд, со цел да види во какви услови живее и што како општина можат да сторат за подобрување на тешкото секојдневие кое го има овој човек. Како што информираат од општината, тој живее сам од социјална помош и од тоа што ќе го заработи од продажбата на Рекорд. Од општината ќе му помогнат со парични средства, обезбедување дел од покуќнина која тој самиот ја истакнал како најнеопходна во моментов, облека и медицински помагала затоа што тој се наоѓа во лоша здравствена состојба. Од општината информираат дека чичко Драги ќе го посети и социјалната патролна служба за да му помогне и да го насочи во однос на документацијата што треба да ја обезбеди за помош. Исто така упатуваат апел до сите физички и правни лица кои можат да му излезат во пресрет и сакаат да помогнат, да се обратат во општината на телефонскиот број 2039307.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.