Учениците од Ѓорче Петров одржаа завршен концерт во Домот на култура
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 06 Јуни 2018
Вчеравечер во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров, се одржа концерт под мотото „Пееме во хор, пееме и соло, сите се радуваме, нема веќе школо”, на кој учествува сите шест основни училишта во Општина Ѓорче Петров.
Овој концерт како што информираат од општината се организира со цел да се поттикнат учениците да го истакнат својот талент, да ги истакнат своите музички способности, да се мотивираат и да веруваат во својот успех и во своето знаење, но исто така е и можност за соработка меѓу наставниците по музичко образование и меѓу децата од секое општинско основно училиште.
Основците од Ѓорче Петров испратија позитивна енергија и младешки вибрации до секој посетител на манифестацијата, а на нивната беспрекорна изведба на голем број македонски песни никој не остана рамнодушен.
Ваквиот начин на завршување на учебната година е несекојдневен, додаваат од Ѓорче, но се надеваат дека ќе прерасне во традиција, која ќе се одбележува секоја година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс