ЈП Водовод: Да не се кршат и оштетуваат јавните чешми

ЈП Водовод - Скопје

Вандалските појави се дел од нашето секојдневние. Последен пример за вандализам се искршените јавни чешми за вода со тајмери, поставени од јп водовод и канаизација. Претпријатието со апел да не се уништува она што е заедничко, на сите граѓани.

Да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми на територијата на Град Скопје, а наводнувањето на зелените површини да се врши во вечерните часови, апелира ЈП Водовод и канализација.
Според претпријатието, последните примери на оштетувања се новите јавни чешми со тајмери.
- По притискање на тајмерот, тече вода одреден период и потоа запира. Се кршат тајмерите за водата да тече постојано, со што се намалува притисокот на водата на територијата на Градот. Лани беа набавени и поставени 55 вакви нови чешми со тајмери, токму поради зачувување на водата за пиење, а воедно и зголемување на притисокот во водоводната мрежа, стои во соопштението.
Според ЈП Водовод, освен што одзема време, постојаното поправање на јавните чешми троши и ресурси и парични средства кои може да се искористат за други работи во полза на граѓаните. 
Во однос на зелените површини, со ЈП Паркови и зеленило е договорено да се наводнуваат во вечерните часови. - Апелираме тоа да го прават и граѓаните за во текот на денот да има нормален притисок на водата водата во водоводната мрежа, наведува ЈП Водовод и канализација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.