Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без струја делови од Скопје

Во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Илинден, Кисела Вода и Карпош.


Без електрична енергија утре од 13:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Васил Ѓоргов“ број 6 и 7, корисниците од улица „Козара“ од број 1 до број 22 и објекти од околинатa, во општина Центар.


Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради закажани технички зафати, без струја во периодот од 10:00 до 18:00 часот ќе останат и корисниците од селата Ајватовци, Бујковци, Бучинци, Грушино, Мршевци и Бунарџик, во општина Илинден.


Без електрична енергија во периодот од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од селата Текија, Мршевци, Бучинци, Бујковци, Дељадровци и дел од село Миладиновци, во општина Илинден.


Во периодот од 06:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Бунарџик, Ајватовци и Кадино, трафостаници Завар, Интергрос и Амајлија, во општина Илинден.


Без струја во периодот од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од булевар „Србија“, фирмите Микро Асул и околината, поранешен Ино Спектар, сервисите за возила, улица „Христо Татарчев“ 15, сервис Скендеровски како и  делот кај новиот кружен тек, во општина Кисела Вода.


Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улица „Ванчо Мицков“ од број 10 до број 30, во општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.