„Бајага и Инструктори" на „Супер Скопје"

„Супер Скопје"

Во рамки на новата музичка манифестација „Супер Скопје“ вечер на Кејот „13 Ноември“ во главниот град ќе настапат „Бајага и Инструктори“.

 

Синоќа на истата колација настапи Сергеј Четковиќ.

 

Во наредните петоци и саботи манифестацијата ќе се одржува на различни локации и тоа во Старата скопска чаршија, улицата „Македонија“ и Боемската улица во Дебар Маало.

 

Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц - Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“).

 

На 1-ви и 2 септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Дела од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе (2 септември).

 

Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).

 

Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени од „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.