Забраната за запирање возила за доставување стока останува да важи и по 31-ви март

Совет на Град Скопје

И по 31-ви март останува да важи забраната за запирање возила за доставување стока во потесното градско подрачје. Оваа одлука денеска беше изгласана на советот на Град Скопје, а градоначалникот Шилегов истакна дека одлуката останува да важи со истата цел, а тоа е да се намали загадувањето на воздухот.

 

Град Скопје трајно ја воведува забраната за запирање возила за доставување стока од 7:30 до 18:00 часот. Оваа забрана која требаше да има важност до 31-ви март, останува на сила со истата цел, односно да се придонесе во намалувањето на загаденоста на воздухот. Оваа одлука денеска беше донесена на Советот на Град Скопје и ќе важи за оние субјекти кои се наоѓаат во потесното градско подрачје, а немаат свој простор пред објектот.


Исто така на денешната седница беше усвоена и точката со која се излегува во пресрет на барањето на голем број баратели за давање Дозвола за вршење дејност паркирање, кои имаат поднесено постапка за приватизација на градежната парцела, на која правните субјекти се јавуваат како корисници, но е во сопственост на РМ, меѓутоа земјиштето е во фаза на приватизација, со што би се регулирало и плаќањето на комуналната такса кон Градот. Покрај ова градоначалникот Шилегов најави дека оваа година ќе се изврши прием на нови пожарникари бидејќи во оваа дејност потребата е особено изразена. Согласно критериумите за минималниот број на пожарникари според бројот на жители треба да изнесува 384, а моментално во Бригадата за противпожарна заштита се вработени 214 пожарникари, што значи дека недостасуваат 170 пожарникари, со тенденција нивниот број заради идни пензионирања и понатаму да се намалува, особено имајќи ја предвид старосната структура во Бригадата. Шилегов нагласи дека планот во текот на оваа година е да се изврши обука на 50 пожарникари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.