Околу 1000 матуранти играа на плоштадот ,,Македонија,,

1.000 матуранти играа квадрил

Плоштадот Македонија денеска на пладне беше преплавен со матуранти. Со звуците од Штраусовата опера Лилјакот и со дадена заклетва за ненасилство, околу 1.000 матуранти го одиграа традиционално танцот квадрил.

 

Истовремено матурантите од Скопје танцуваа со нивните врсници од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на матурантите им порача во текот на целиот живот да ги задржат ентузијазмот и енергијата која сега ги имаат и да бидат посветени кон она што ќе го работат.


Шилегов најави дека ќе се грижи Скопје да стане модерен, европски и безбеден град во кој, како што рече, не се сомнева дека матурантите ќе одберат да го продолжат својот живот. Инаку, матурската парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија за првпат се одржа во 2007 година во Скопје и Охрид.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.