45 милиони денари за 36 општини за изградба на инфраструктурни проекти

Изградба на инфраструктурни проекти

Триесет и шест општини ќе добијат финансиски средства од  Министерството за животна средина и просторно планирање, за изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води.

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки на денешното потпиешување на договорите истакна дека во овие области средствата се доделени согласно програмата за инвестирање а предвидени се 45 милиони денари и истите се распределени на 36 општини за вкупно 42 проекти. Договорите денеска ги потпиешаа општините Тетово, Липково, Врапчиште, Град Скопје, Шуто Оризари, Битола  и Берово. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов истакна дека со потпиешувањето на овој договор Градот Скопје прима 2 милиона денари од страна на министерството а ќе бидат наменети за изградба на фекална канализација од постоечкиот атмосферски колектор во Општина Чаир. Шилегов додаде дека ќе се погрижи во иднина сите делови на Скопје да добијат еднакви можности.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.