Изградба на инфраструктура за собирање отпадни води во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 13 Јуни 2018
Во населбата Ново Лисиче во општина Аеродром денеска ќе почнат градежни работи за ИПА 2 проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води во градот Скопје“.
Инвестицијата е финансирана со средства на Европската Унија во износ од над девет милиони евра и кофинансирана со 15 проценти од Буџетот на Република Македонија и е предуслов за изградба на главната пречистителна станица за отпадни води за град Скопје.
На почетокот на активностите се најавени обраќања на министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, шефот на делегација на ЕУ во РМ Самуел Жбогар и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс