,,Бела ноќ" збогатена со фестивал на светлината Skopje light art district

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи утре во Скопје по 14. пат. Во рамки на програма на повеќе локации во градот ќе се одржат концерти, изложби и перформанси.

 

 Бела ноќ е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика, затоа што програмата што ја нуди доминира со квалитет и несекојдневни содржини.

 

Градоначалникот Петре Шилегов информираше дека оваа година ќе има несекојдневно издание на Белата ноќ, за првпат ќе биде збогатено и со фестивал на светлината, односно Skopje light art district.  

 

Шилегов додаде дека организаторот на ова издание на Бела ноќ се потрудил да вклучи што повеќе странски и домашни уметници, но и да анимира нови алтернативни културни простори што во иднина ќе се користат за одржување на вакви или слични настани.

 

Директорот на МКЦ Русе Арсов, нагласи дека годинава главен акцент е ставен на домашни уметници  за да покаже градот што може да понуди како главен град.

 

Филип Аврамчев, директорот на Универзална сала, кој е главен организатор на Фестивалот на светлината, најави настапи на 16 артисти на тридневниот фестивал кој ќе изобилува со најразлични видови светлосни инсталации.

 

Во рамките на одржувањето на Бела ноќ, граѓаните ќе можат да користат бесплатен градски превоз кон централното градско подрачје од 19 часот до раните утрински часови.

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.