Градинките во Скопје со прочистувачи за воздух, се борат против аерозагадувањето

Штетното влијание кое загадениот воздух го има врз здравјето е тема која секојдневно се актуелизира. Граѓаните бараат краткорочни мерки кои ќе дадат видлив резултат за брзо време.

 

Од друга страна институциите бараат трпение од населението, со изговор дека ова е проблем кој бара повеќегодишно третирање. Но, ние немаме време.

 

Се поголем е бројот на деца, но и возрасни кои ги полнат клините, како последица од секојдневното дишење канцероген воздух.

 

Во обид да се заштитат, граѓаните почнаа масовно да купуваат маски за заштита од загадувањето и прочистувачи на воздух. Во акцијата за заштита на најмалите, дел од скопските општини почнаа да набавуваат прочистувачи за воздух.

 

Децата кои се згрижени во детските градинки на територија на Општина Аеродром, од оваа учебна година дишат почист воздух. Имено, од општината добивме информација дека секоја занимална во секоја од градинките е опремена со прочистувачи.

 

И децата од Кисела Вода, од неодамна дишат чист воздух, барем додека се во градинка. Од оваа скопска општина информираат дека градинката Весели цветови, со сите нејзини клонови е опремена со 35 прочистувачи на воздух, колку што има занимални во истата, додека во градинката 8 Март има инсталирано 42 прочистувачи на воздух.

 

Прочистувачи за воздух има и во градинките во останатите општини, но недоволно. Се чекаат донации од компании или институции за да се обезбедат потребните прочистувачи. Така на пример во градинката Мајски цвет во Гази Баба има набавено 17, а потребни се вкупно 40, додека во градинката Детска радост има само десет прочистувачи за групите со најмали деца.

 

Општина Карпош набавката за прочистувачи за започна уште минатата година, но како што велат од таму, овој проект се уште не е финиширан. Од општината упатуваат апел до општествено одговорните компании да помогнат во набавката на прочистувачите.

 

Додека, општина Бутел има набавено прочистувачи за јасли, а ниввно предавање до градинките се очекува до крајот на неделава.

 

Дел од општините веќе најавија дека откако ќе се набават прочистувачи на воздух за секоја занимална во градинките, ќе почнат да ги опремуваат и основните училишта, со цел да им се овозможи еднаков третман на сите деца.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.