Сообраќајната полиција казнува, но несовесните возачите упорно возат низ плоштад

 

Непрописно паркирани возила на локации наменети за пешаци е веќе секојдневна слика за пешачката зона на улица Македонија.

 

Покрај паркирани, често се забележуваат и автомобили во движење, кои претставуваат сериозна закана за пешаците.

 

Зошто сообраќајната полиција и покрај зачестеното присуство низ центарот на Скопје не реагира на ова свесно кршење на сообраќајните првила прашавме денеска во СВР Скопје. Оттаму ни одговорија дека од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје во периодот од први Јануари 2019 до 20 мај 2019 година на улица „Македонија“ и пешачката зона на истата улица против непрописно паркирани возила преземени се казнени мерки.

 

За паркирање на коловоз казнети се 27 возачи, 23 се казнети за паркирање на пешачката зона- плоштад, со пајак се отстранети 22 возила.



Покрај возилата, на пешаците на улица Македонија и Кејот 13 Ноември проблем им претставуваат и летните тераси кои узурпират значителен дел од слободниот простор за движење.

 

Ингеренции за решавање на овој проблем имаат Град Скопје и општина Центар, од каде што информираат дека право на движење низ имаат само автомобили кои имаат дозвола за снабдување на дуќаните. Велат дека постојано ги санкционираат возачите кои ги паркираат своите автомобили и дека ќе преземат построги мерки.Возилата кои имаат дозвола имаат право да паркираат на улица „Македонија“ само во времетраење од 15 минути.

 

Најниската казна е 2. 500 денари ако возилото го крене пајак служба и 6000 денари ако сте паркирани на зелена површина.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.