Изложба на уметници од Општина Илинден во домот на култура „Марино“

Општина Илинден

Општина Илинден упатува повик до сите уметници од оштината кои сакаат своите дела да ги изложат на претстојната изложба која ќе се одржи на 29 мај во новоизградениот Дом на култура ,,Марино,, да се пријават најдоцна до 25 мај.


На 29 мај во 12.00 часот во галеријата на новоизградениот Дом на култура „Марино“, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од Општина Илинден.
По тој повод општината упатува повик до сите уметници од Општина Илинден, без оглед дали професионално или аматерски се занимаваат со сликарство, вајарство, копаничарство и слично кои сакаат со свои дела да учествуваат на изложбата, своето учество да го пријават на телефонскиот број 2571-703 или на E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 25 мај.


Ова е втора ваква изложба на која се претставуваат уметниците од Општина Илинден“, со што станува традиционална. Првата изложба, која предизвика голем интерес, се одржа во декември минатата година во Домот на култура „Илинден“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.