Изложба на академскиот сликар Новица Трајковски, во Домот на култура ,,Илинден,,

Изложба на Новица Трајковски

Над 30-тина дела од поновиот опус на академскиот сликар Новица Трајковски се поставени на новата изложба која денеска се отвори во Домот на култура ,,Илинден,,.

 

Денеска во галеријата на Домот на култура ,,Илинден,, се отвори ликовната изложба со наслов ,,Убава е Македонија,, на академскиот сликар Новица Трајковски. На изложбата претставени се триесеттина дела од поновиот опус на Трајковски, кој е роден и живее во Општина Илинден.


Новица Трајковски кој е член на ДЛУМ, е познат по тоа што слика во циклуси и тематски серии, какви што се досега афирмираните циклуси ,,Меѓу сонот и јавето,, ,,Од очите на ангелот,, ,,Будење,, ,,Патници,, ,,Пат,, ,,Извор,, и ,,Љубов,,. Во своето портфолио има над 40 самостојни изложби во Македонија и надвор од државата, а бил учесник и на голем број групни изложби и колонии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.