Одбележување на патрониот празник на Општина Илинден, "Илинден 2-ри Август“

Општина Илинден

На ден 27.07.2017 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот на Домот на култура „Илинден“ во населба Илинден, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден "Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.


Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на реномираните македонски музичари: Драган Даутовски, Скопски дувачки квинтет на Васил Атанасов и Пламенка Трајковска секстет, кои ќе се претстават со повеќе инструментални композиции во кои преовладуваат традиционални изворни фолклорни ноти...
По повод патрониот празник во галеријата на Домот на култура „Илинден“ ќе биде поставена изложба на академскиот сликар Новица Трајковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.