„Отчет 2013-2017 година“ на градоначалникот на о. Илинден

Жика Стојановски

Градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски даде отчет за сработеното во изминатиот четиригодишен период. Акцент од сработеното беше ставен на поволната клима за инвестирање во општината.

 

-Инвестициските патишта водат кон Општина Илинден, како резултат на прогресот во привлекување и ефектуирање во реализација на инвестиции, оптимално искористување на можностите и ресурсите во овозможување на поволни услови за влез на нови инвеститори и поддршка на постојните стопански субјекти, истакна градоначалникот Жика Стојановски, на прес конференцијата посветена на реализираните проекти во Општина Илинден во периодот 2013-2017 година.


Тој додаде дека водечките индикатори за одржлив локален економски развој покажуваат зголемување на бројот на инвестиции и отворање на нови, реални, слободни работни места. 70-те нови членови на бизнис семејството кои во изминатите четири години ги реализираа своите инвестиции во Општина Илинден, го следат континуитетот на инвестицискиот циклус во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 180 инвестиции, од кои 33 странски дирекни инвестиции(СДИ), додека невработеноста која во 2008 година изнесуваше 38%, денес изнесува 6%.

 

Стојановски истакна дека зголемувањето на безбедноста во сообраќајот е еден од приоритетите на Општина Илинден. Во последните 4 години изградени се 47,3 километри локална патна инфраструктура, за што се инвестирани 300 милиони денари, како и пешачки и велосипедски патеки во должина од 15 километри со што се олеснува комуникацијата и значително се подобрува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Тој додаде дека се изградени и 8 нови мостови, од кои 6 пешачки, како дел од проектот „Изградба на 10 мостови“.


Градоначалникот се осврна на повеќе реализирани проекти како изградбата на нов објект на Амбуланта во Миладиновци, која опфаќа 4.500 жители од 6 населени места, потоа изградбата на новиот дел од градинката која сега има површина од 2000 метри квадратни и капацитет за згрижување на 400 дечиња, за воведувањето на средно образование во Општина Илинден по изградбата на новата училишна зграда, изградбата на два нови домови на културата, како и за реализацијата на повеќе проекти во областа на заштитата на животната средина, меѓу кои изградба на систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата, 4 пречистителни станици со капацитет од 1.250 еквивалент/жители и канализациски систем во должина од 16.000 метри во населените места: Илинден, Марино и Кадино, кои опфаќаат 1.400 домаќинства.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.