Отворена изложбата "Илинден со пријателите"

"Илинден со пријателите"

Пред поголем број љубители на уметноста во Домот на култура "Илинден" отворена е изложба со наслов "Илинден со пријателите". Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски ја отвори изложбата, а за авторите и нивните дела пригоден збор одржа писателот Ефтим Клетников.


На изложбата се претставени над 40-на дела од сликари кои веќе имале изложби во Домот на култура "Илинден", како Васко Ташковски, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Стефан Хаџиниколов, Петар Попчев, Климе Коробар, Владимир Темков, Литов Ли, Андријана Мациев, Наташа Нара Радосављевиќ, Иван Вања Милановиќ, Ристо Андреев и Катерина Трајковска.


На сите учесници на изложбата градоначалникот Стојановски им додели посебни благодарници за особен придонес во развојот на културата и културните вредности на општина Илинден.


Изложбата ќе биде отворена до 24 декември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.