Со закројување лозје и вински фестивал, празникот Св.Трифун одбележан во Општина Илинден

Св.Трифун во Општина Илинден

5-та година по ред во населеното место Ајватовци во Општиа Илинден се одржа винскиот фестивал на кој се избира најквалитетно вино од домашни производители, односно од производители жители на Општина Илинден. Пред манифестацијата се одржа и традиционалното закројување на виновите лози во дворот на црквата Св. Трифун, со што беше одбележан денешниот празник Св.Трифун.

 

Со традиционално закројување на виновите лози во дворот на црквата ,,Свети Трифун,, во Ајватовци и со одржување на виснкиот фестивал и избор на најдобро домашно приготвено вино денеска во населното место Ајватовци во Општина Илинден беше одбележан празникот на лозарите Св. Трифун.


Како и секоја година одбележувањето почна со Божествена литургија, а пота следуваа закројувањето на виновите лози и винскиот фестивал. Трајче Трајковски, овогодинешниот кум на манифестацијата рече дека ваква манифестација за одбележување на Св.Трифун се правела и порано кога тој бил мал, но сега била помасовна.


Закројувањето на виновите лози во дворот на црквата е традиција во Општина Илинден, додека пак винскиот фестивал и изборот на најквалитетно домашно вино, произведено од жителите на општина Илинден се одржува 5-та година по ред. Градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека целта на оваа манифестација е да се презентира квалитетот на домашните вина, а винските витези се тука за да го проценат квалитетот на виното од сите аспекти.


Интерсеот за оваа манифестација од година во година расте и секоја година се поголема е бројката на пријавени учесници, односно производители на вино.


Изложувачите и натпреварувачи во изорот за најквалитетно вино на оваа манифестација во Илинден имаат разни тајни рецепти за подготовка на виното, а според еден од изложувачите за добро вино е најважна е годината, ако годината има добро грозје, ќе има и добро вино. Меѓу изложувачите имаше и такви кои целиот процес го изработуваат сами, од садење и одгледување на грозјето до подготовката на вино.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.