И годинава голем интерес за манифестацијата ,,Подарете книга за велигденско јајце,, во Илинден

Во Домот на култура ,,Илинден,, во општина Илинден денеска се одржа традиционалната 13-та по ред  Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение".

 

Оваа манифестација е оригинална  и единствена од ваков вид која што истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата. Посетителите на манифестацијата што подарија книга за возврат добија велигденско јајце. Кон оваа долгогодишна традиција се приклучи и 1-ва скопска, која подари книги кои ќе придонесат за збогатување на библиотечниот фонд во општинските и училишните библиотеки.

 

Оваа година, симболично беа  украсени 2019 Велигденски јајца. Во изминатите 12 години во рамки на оваа манифестација собрани се 33.000 книги кои се наменети за општинската библиотека и библиотеките во основните училишта, а на денешната манифестација беа донирани околу 2.000 книги. Градоначалникот на Општината Жика Стојановски информираше дека манифестацијата од година во година станува се поголема а се зголемува и бројот на собрани книги кои се распределени во библиотеките низ општината.

 

Досега на манифестацијата имаат подарено книги претставници од бизнис секторот,  повеќе издавачки куќи, научни институции и факултети, учениците, како и  големиот број граѓани. Со дарувањето книги се збогатува библиотечниот фонд на општинските и училишните библиотеки , а се дава голем придонес во афирмацијата и развојот на културата, образованието и науката. Раде Силјан кој е голем поддржувач на културните и литературни манифестации во Илинден вели дека оваа манифестација е од голема важност.

 

На денешната манифестација можеше да се забележи голема посетеност од ученици, писатели, поети, граѓани од бизнис секторот кои несебично подарија книги што понатаму ќе им користат на учениците од оваа општина.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.