Реализација на капиталниот проект „Рехабилитација на локален пат Кадино-клучка автопат А4“, во должина од 1.600 метри во Општина Илинден е во завршна фаза.  Вредноста на проектот изнесува приближно 30 милиони денари. Проектот се реализира во соработка со Министерството за финансии во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги кој е финансиран со заем од Светска банка.
 
Во домот на култура Илинден од денеска е отворена ликовната изложба насловена ,,Бесконечност,, на Анче Колева и истата ќе биде отворена за посетители една недела, односно до 12 јуни.
 
Во Општина Илинден интензивно се работи на рехабилитација на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4", во должина од 1.600 метри.
 
Во Домот на култура Илинден, во Општина Илинден, се одржа централниот настан од годинешната 20-та Литературна манифестација Илинден 2019 - поетскиот митинг Стихови за душата.
 
Во рамки на Литературната манифестација ,,Илинден 2019” денеска беше промовирана книгата ,,Мартин Крпан – дипломат и воин” од проф. д-р Милан Јазбец.
 
Во рамки на јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден 2019“, во Домот на култура „Илинден“ се одржа чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски по повод 90-годишнината од нивното раѓање. По тој повод објавени се две изданија посветени на авторите ,,Дождови,, од Матеја Матевски и ,,Биографија,, од Гане Тодоровски.
 
Во рамки на културната манифестација Илинден, која оваа година се одржува по 20-ти, јубилен пат, денеска беше одржано и литературно матине за деца, на кое најдобрите творби на учениците од основните училишта во општина Илинден, и нивните ментори беа наградени со сет книги и статуетка.
 
Со свечено отворање во Домот на култура ,,Илинден,, синоќа по 20-ти пат почна Литературна манифестација ,,Илинден 2019,,.
 
Во Домот на култура „Илинден" во Општина Илинден вечер ќе биде отворена 20-та јубилејна литературна манифестација „Илинден 2019" која ќе трае до 18 мај.
 
Во Домот на култура ,,Илинден,, во општина Илинден денеска се одржа традиционалната 13-та по ред  Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение".
 
На 25-ти април в четврток во периодот од 10:00 до 14:00 часот во Домот на култура Илинден ќе се одржи 13-та по ред традиционална Манифестација ,,Подарете книга за Велигденско јајце - симбол на Христовото Воскресение”.
 
Средното општинско стручно училиште „Илинден“, од Општина Илинден и Училиштето за уметност, дизајн, графика и облека од Забок, Република Хрватска потпишаа Меморандум за соработка, со кој ја утврдија соработката за реализирање на проектот Афирмативно искористување на слободното време на младите од различни културни средини.
 
Општина Илинден ја утврди програмата и термините за одржување на    20-то јубилејно издание на Литературната манифестација „Илинден 2019“. Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни настани ќе се одржи од 14 до 18 мај 2019 година.
 
Градоначалникот на општина Брежице од Република Словенија, Иван Молан и амбасадорот на Република Словенија, Милан Јазбец денеска беа во посета на општина Илинден, каде што разменија искуства за работењето на двете збратимени општини.
 

Садење на 700 садници во Општина Илинден

Општина Илинден со низа активности го одбележа 21. Март Денот на пролетта и 22. Март-Светскиот ден на водата. Во рамки на проектот „Со зеленило против загадувањето“ на површина од 70.000 квадратни метри се озеленува, а ќе бидат засадени 700 садници.
 
По повод Денот на шегата 1-ви Април во спортската сала ,,Гоце Делчев,,  во Општина Илинден, се одржа традиционалната тринаесетта по ред Априлијада.
 
На повеќе локации во Општина Илинден со засадување на садници и озеленување на просторот се реализира еколошкиот проект „Со зеленило против загадувањето“.  
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.